Белгија и Португалија ќе се сретнат во осминафиналето на ЕУРО 2020, главни ѕзведи ќе бидат Ромелу Лукаку на едната страна и Кристијано Роналдо на другата страна.
Белгија и Португалија ќе се сретнат во осминафиналето на ЕУРО 2020, главни ѕзведи ќе бидат Ромелу Лукаку на едната страна и Кристијано Роналдо на другата страна.
Пред мечот кој се игра утре, Лукаку зборуваше за Роналдо, некои споредби не можат да се избегнат.
И двајцата фудбалери се борат за титулата најдобар стрелец. Напаѓачот на Интер сака да има некои особини на најпопуларниот фудбалер на денешницата.
„Рекордите на Роналдо? Ако некој може да ги урне, тогаш тој е. Поклон поради тоа, особено ако се земат во предвид и неговите години. Би сакал да ја имам силината на неговиот шут, неговиот дриблинг. Тој би требало да биде љубоморен на мојата сила во завршницата“, изјави Лукаку.
По групната фаза, Роналдо постигна пет, додека Лукаку четири гола. Веќе по првата рунда во нокаут фазата еден од нив ќе мора да се збогува со ЕУРО.