Полувреме: Стружани промашуваат зицери против Силекс, “лавовите“ водат под Шара!

225

Завршија првите полувремиња од полуфиналните мечеви во Купот на Македонија. Во Струга, домашната Струга ТЛ и Силекс играат без голови, но треба веднаш да се каже дека стружани имаат целосна иницијатива, речиси да се игра „Викторија“ пред голот на кратовци. Имаа домашните и неколку зицери, Малески трипати и Пере еднаш промашија нешто што не се промашува.

Катаниќ во 36.минута можеше да казни на другата страна, но Мирселовски одлично одбрани.

По Шара гостите од Ѓорче со голот на Личина имаат водство од 12.минута, на прагот се до сензација. Шкендија – Македонија ЃП 0:1, резултат кој ретко кој го очекуваше.

Сепак допрва ќе се играат вторите полувремиња и на двете средби, па има можност работите да се променат.

ПретходноМеси не е како Роналдо: Лео ја одби понудата вредна 400 милиони евра по сезона!
СледноАнтиќ во работна посета на Женева