Динамо Загреб го разреши Чачиќ, кој пак ќе добие „дебела“ отпремнина!

287

Динамо Загреб за кого настапува капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски ќе добие нов тренер, откако раководството на „модрите“ го разреши Анте Чачиќ.

Поразот (2-1) од Шибеник во полуфиналето на Купот беше пресуден за отказот на сега веќе екс-стратегот на Динамо.

Чачиќ на крајот од минатата сезона се врати во Динамо и без проблем го предводеше загрепскиот клуб до шампионската титула. Од стартот на 2023 година Динамо беше во голем пад, па прво Хајдук ја намали предноста во лигата, а потоа и Шибеник сензационално го исфрли од Купот.

Неодамна 69-годишниот Чачиќ потпиша нов договор до крајот на следната сезона, а според него тој моментов има право на отпремнина од 1,7 милиони евра. Секако, Чачиќ и Динамо можат да се договорат за помала сума.

ПретходноВестбрук им се одмазди на Лејкерси, познати патници во плејо-фот во Истокот (ВИДЕО)
СледноНавивачите на Барселона во 10. минута од „Ел Класико“ покажаа што мислат за Меси (ВИДЕО)