Екипата на Реал Мадрид без проблем славеше победа над Баерн на свој терен во 33 коло на Евролигата. „Кралевите“ победија со 79:67, а уште од стартот направија предност и која ја држеа до крајот на мечот.
Ова е 23 победа на Реал во Евролигата и е на второто место на табелата веднаш зад лидерот Олимпијакос кој остана прв и покрај поразот од Црвена Звезда. Па така Реал се најде во ситуација во идното, последно коло да избори и прво место пред плеј-офот.
Кај Реал најефикасен беше Хезоња со 20 поени, Муса постигна 11, додека кај Баерн најмногу поени постигна Обст 21.
На другите мечеви Валенсија ја победи Болоња со 79:68, Фенербахче беше подобар од Анадолу Ефес со 103:86, а Басконија славеше над Лион Вилербан со убедливи 120:100.
Црвена Звезда го победи Олимпијакос со 87:79, додека Жалгирис го совлада Макаби ТА со 68:67.