Играчот на Партизан се појави по осум дена задоцнување

250

Интернационалецот од Мали, Фусени Диабате, се појави во својот клуб, Партизан со дури осум дена задоцнување по репрезентативната пауза. Една од најбизарните ситуации случена во модериот фудбал од медиумите во Србија беше следена со внимание, затоа што во еден момент никој немаше претстава каде се наоѓа Диабате.

Тој требаше да се појави на репрезенаттивната прозвка на Мали како би дебитирал за оваа селекција, но тоа не се случи. Напротив, од таму не знаеја каде е, а ниту во Партизан го имаа тој податок. По цели осум дена, откако и јавно се извини преку медиумите, Диабате се појави во Белград.

Во Партизан секако се гневни на него, особено екипата, која што мака мачи периодов да се извлече од резултатска и играчка криза. Наспроти тоа, Диабате си дозволи ваков луксуз, од само нему познати причини, а капитенот на Партизан, Слободан Урошевиќ јавно изјави дека не разговарал директно со Диабате, и искрено не знае како екипата ќе реагира кога тој ќе се појави во соблекувалната.

 

ПретходноНема финале за Калин во двојки во Дубровник!
СледноИ тоа се случи: Даниеле Квича, тоа е првото бебе во Неапол кое е крстено по Кварацкелија!