За време на ЕУРО: Швајцарците патувале 12.000 километри, додека Англичаните – нула

236

Денеска стартува разврска во осминафиналето на ЕУРО 2020. Ова континентално натпреварување се играше во повеќе градови во Европа, па дел од репрезентациите, меѓу кои и Македонија мораа да ги менуваат дестинациите.

Швајцарија е тимот кој помина најмногу километри. Овие фудбалери се победници во оваа ктегорија, до сега прелетале 12.000 километи. Играа во Бају, Рим, па повторно во Баку, па се преселија во Букурешт каде ќе ги одмерат силите со Франција.

Ниту Велс не заостанува многу. Оваа репрезентација помина 8.000 километри, патуваа во Баку и Рим, а сега осминафинале ќе играат во Амстердам против Данска.

Зад нив е Шведска, во авион минала нешто помалку од 8.000 километри (играше во Севиља и Ст.Петербург), а сега со Украина игра во Глазгов.

Англија е единствената селекција која има нула километри. Сите три меча ги играше на Вембли, така останува и сега. Англичаните во нокаут фазата ќе влезат одморени, барем во делот на патување се ослободени.

ПретходноАдеми: Горд сум што играв на Еуро, Пандев многу ќе ни недостига
СледноАко вечерва има пенали, Манчини веќе одбрал кои петмина ќе шутираат за Италија