МЗТ Скопје на гостувањето кај Сплит дојде до потребната победа, славеше со 74-77 во рамките на претпоследниот меч од регуларниот дел од сезоната во АБА-лига. Сега на ред е Црвена Звезда да го совлада Борац за да продлжи сонот за опстанок во јадранското друштво, поточно за бараж мечот.
Актуелниот македонски првак на оваа средба беше без првиот тренер Драган Николиќ, па диригентската палка му припадна на Васко Атанасов, кој пак одлично ги водеше момците. Оваа победа долго ќе ја памети, бидејќи е остварена во тешки моменти.
Војдан Стојановски имаше 16 поени, неговиот брат Дамјан имаше 13 поени, 12 постигна Бурсаќ, двоцифрен и Кефе со десет поени.
Кошаркарите на МЗТ Скопје добро го отворија мечот, поведоа со 0-8, па со 4-10 и 6-12, по што домашниот тим фати ритам. Со серија од 5-0 намали на 11-12, веќе пред крајот на овој период со 9-3 поведе со 24-20.
„Сино-белите“ не потпаднаа на притисокот, одиграа одлична одбрана примија само седум коша, додека постигнаа 19. На одморот резултатот беше 31-29.
Војдан Стојановски со два поени и Мицовиќ со едно слободно фрлање го поставија првото двоцифрено водство на мечот од 31-41, истата разлика МЗТ Скопје ја имаше во 26 минута (39-49) по тројката на Војдан. Сплит се разигра, тргна шутот за три поени за кратко време го стопи водството на скопскиот состав, дојде на минус еден (53-54). Нелсон го разбуди својот тим.
МЗТ Скопје зголеми на плус шест, но во последниот период, противникот повторно дојде на еден поен негатива 58-59. На голема среќа, домаќинот влезе во серија на промашувања, па нашиот тим казни со 2-13 и дојде на највисоки 60-72 на 5:30 минути до крајот. Сепак ова не беше доволно за мирна завршница.
Сплит ја врати драмата, со 11-2 намали на 71-74 на 1:16 до крајот. Во меѓувреме Атанасов мораше да повика два тајм-аута. Беше потребна реализација, Кефи со неверојатна тројка зголеми на 71-77. Немаше време на другата страна за Сплит, времето течеше во корист на МЗТ Скопје и покрај тројката за 74-77.