Фаворитите тргнаа со победи, одлуката за финалистите паѓа викендов

91

Изминатите два дена се одиграа првите мечеви од полуфиналната плеј-оф серија во домашните одбојкарски првенства. Фаворитите беа сигурни. Јанта волеј го доби првиот дуел со Наковски волеј во женското полуфинале, а сигурен настап имаа и одбојкарките на Работнички кои во првиот меч доминираа против Фит Фан Волеј.

Бранителите на тронот во машка конкуренција, Струмица Никоб, триумфираа на домашен терен со 3:1 во првиот меч со Работнички 71&22, а идентична победа обезбеди и Шкендија над ГОК Борец. Овие по еден сет кои ги освоија гостите ветуваат нови неизвесни битки овој викенд кога се на програмата реванш пресметките.

Во битката за прволигашки статус меѓу Пелистер волеј и Вардар ЕМ битолчанки по голема драма на крајот славеа со 3:2. И овде очекуваме неверојатно возбудлив реванш во Скопје.

Прва лига (мажи), полуфинале (први натпревари)

Шкендија – ГОК Борец 3:1 (25:19, 25:22, 20:25, 25:21)

Струмица Никоб – Работнички 71&22  3:1 (18:25, 25:11, 25:14, 25:20)

Прва лига (жени), полуфинале (први натпревари)

Јанта волеј – Наковски волеј            3:0 (25:22, 25:23, 25:16)

Работнички Скопје – Фит фан волеј 3:0 (25:21, 25:21, 25:19)

Бараж за Прва лига (жени) (прв натпревар)

Пелистер волеј – Вардар ЕМ 3:2 (29:27, 23:25, 16.25, 25:23, 15:5)

ПретходноАтанасов: Ова е прва гостинска победа за МЗТ, сите пофалби до моите играчи!
СледноНаполи им се врати на победите, Елмас 90 минути на терен (ВИДЕО)