Светската атлетска шампионка на 3000 метри стиплчез, Нора Џеруто, е привремено суспендирана поради употреба на недозволени супстанци, соопшти Комисијата за интегритет во атлетиката (АИУ).
АИУ не објави детали за тоа кое незаконското средство го користела Џеруто, ниту за тоа колку таа ќе биде суспендирана од атлетските терени.
Џеруто е родена во Кенија, но настапува за Казахстан, а на Светското првенство минатата година во Јуџин го освои златото во својата дисциплина 3000 метри стиплчез со време од 8:53.02, што е рекорд на светските првенства и трет најдобар резултат на сите времиња.