Многу важна победа на Рома во Торино

73

Екипата на Рома забележа победа на гостувањето кај Торино со 1:0 во 29.коло на Серија А. Овие три бода ја одржаа Рома на третото место на табелата во трката по место во ЛШ и сега има два бода помалку од вториот Лацио, а еден повеќе од четвртопласираниот Милан односно два повеќе од петтиот Интер.
Реализатор на победничкиот гол беше Пауло Дибала во 8 минута од мечот. Пеналот беше досуден по игра со рака на играчот на Торино, Пер Шурс во сопствениот шеснаесетник.
На другиот меч кој почна од 18:30 часот, Верона славеше над Сасуоло со 2:1 со пресврт. Сасуоло поведе со гол на Харуи, а во последните шест минути Кечерини и Гаиш ја обезбедија победата за Верона.

ГОЛОТ НА ДИБАЛА НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноМожеше подобро, но и полошо: Ракометарките поразени од Украина на првиот бараж меч!
СледноТренерот Андоновски се врати, Охрид победи