Хаос на мечот Тотенхем-Брајтон, тренерите ќе се испотепаа (видео)

1030

Натпреварот меѓу Тотенхем и Брајтон во Премиер лигата имаше хаотичен момент поради тоа што во клинч влегоа тренерите на двете екипи, на едната в.д.тренерот на Тотенхем Кристијан Стелини и неговиот сонародник на клупата на Брајтон Роберто Де Зерби.
Според информациите на британските медиуми, додека се ракувале, Де Зерби го вперил прстот кон Стелини.
Ситуацијата ескалираше по неполни 15 минути во второто полувреме. Италијанците се спречкаа, а нивните асистенти спречија физичка пресметка. Судијата Стјуард Атвел и на двајцата им покажа црвени картони.
Нивната нетрпеливост имала и историја. Како фудбалери на Бари и Авелино, тогаш во Серија Б, имале жестока пресметка во сезоната 2008/09. Се чини дека не го заборавиле тоа.

ПретходноТренерот Андоновски се врати, Охрид победи
СледноСавевски: Ќе преземам комплетна одговорност ако нема напредок