За првпат во историјата финалето на Купот на Грција ќе се игра во друга држава

1420

Финалето на Купот на Грција оваа година ќе се игра на Кипар, соопштија од Грчкиот фудбалски сојуз. Мечот е закажан на 20 мај на стадионот „ГСП“ во Никозија и тоа ќе биде првпат во историјата на грчкиот фудбал, мечот за трофејот од националниот куп да не се игра во Грција.

ПАОК е најблиску до финалето поради тоа што има 5:1 од првиот полуфинален меч со Ламиа. Во другиот полуфинален меч АЕК го победи Олимпијакос со 3:0 и исто така е на чекор до финалето.

Ако ПАОК избори финале оваа екипа ќе има голема поддршка на Кипар затоа што „црно-белите“ од Солун имаат многу фан-клубови и сателит-фудбалски школи во четирите најголеми градови на острово – Никозија, Ларнака, Лимасол и Пафос.

Инаку врските меѓу Кипар и Грција се многу силни. На фудбалски план, во 70-тите години на минатиот век кипарски тимови дури играа во првата дивизија на Грција.

 

ПретходноНеверојатен кикс на голман, заборави дека топката е кај него, па прими гол (видео)
СледноПрилеп го освои Радовиш во меч со мал број на голови!