Неверојатен кикс на голман, заборави дека топката е кај него, па прими гол (видео)

693

Во 2.коло на фудбалското првенство на Шведска Хакен го совлада Хамарби со 3:1 благодарение на хет-трик на Бени Траоре. И покрај одличната партија на младиот напаѓач, во центарот на вниманието се најде голманот на гостинскиот состав Оливер Довин.

Голманот на Хамарби практично „заспа“ во 5.минута кога дефанзивецот му ја врати топката. Довин ја смири топката, а потоа заборави дека е кај него и си продолжи да оди нанапред, додека топката се тркала кон неговиот гол. Траоре го искористи тоа и само ја поттурна топката во мрежата.

 

BK Häcken 0 – [1] Hammarby – Traore goal 5′ (funny GK blunder)
by u/farfromthecrowd in soccer

ПретходноМакедонија организатор на младинско ЕП во пинг-понг
СледноЗа првпат во историјата финалето на Купот на Грција ќе се игра во друга држава