Деби победа: Седлоски тргна со триумф на клупата на Влазнија

1235

Нашиот фудбалски стручњак Гоце Седлоски почна со победа на тренерското место во албанска Влазнија. Денеска во меч од 28. коло на албанската Суперлига, Влазниа под водство на нашиот стратег славеше на домашен терен со 3:1.

Ова беше прва победа на тимот од Скадар по серија од 6 меча во првенството без победа. Седлоски денеска ја оствари првата победа како тренер на тимот, кој со овие три бода се израмни со Егнатиа на делба на 3. и 4. место на табелата со идентични 41 бод.

ПретходноГеоргиевски не успеа да освои злато на Г1 турнирот во Скопје
СледноКој го сака Мектоминеј, нека издвои најмалку 50 милиони фунти