Ако вечерва има пенали, Манчини веќе одбрал кои петмина ќе шутираат за Италија

363

Италија нема добра статистина од изведувањето на пенали на големите натпреварувања. Сепак, во новиот милениум работите малку како да се променија и на тоа поле, па навивачите на Италија се сеќаваат на тоа како нивните миленици совлада Холандија на пенали во полуфиналето на Еуро 2000, а да не зборуваме за финалето на СП 2006 против Франција и победата токму со удари од белата точка.

Ако вечерва мечот меѓу Италија и Австрија по некоја случајност заврши со изведување на пенали, „аѕурите“ веќе знаат кои петмина ќе ја преземат одговорноста да шутираат од белата точка.

Според информациите на италијанските новинари, Манчини веќе има договор пеналџии за Италија да бидат Жиргињо, Имобиле, Ачерби, Бонучи и Берарди.

ПретходноЗа време на ЕУРО: Швајцарците патувале 12.000 километри, додека Англичаните – нула
СледноЗа неверување: Халанд во еден ресторан потрошил 500.000 евра!