Скандал во Премиерлигата: Го платија 45 милиони евра а тој ќе се степаше со својот тренер! (ВИДЕО)

750

Еден од најталантираните фудбалери во Англија, Ентони Гордон, минатиот летен преоден рок како играч на Евртон беше трансферна цел на Челзи и Њукасл. Победија „страчките“, но Гордон сезонава никако не може да прикаќе барем дел од она што го прикажуваше како член на “карамелите“.

Сепак тренерот Еди Хау му дава шанса, му дава минутажа. За него беа платени 45 милиони евра, но по она што го направи изминатиот викенд на мечот со Брентфорд се чини дека Гордон и тоа како долго ќе биде надвор првиот тим.

Имено Хау во самиот финиш на мечот го извади од игра Гордон, а овој за малку ќе се степаше со него. Не сакаше да го прифати поздравот на својот тренерм подадената рака на Хау ја оттурна што предизвика револт и гнев на фановите на Њукасл.

Нема што, размазено детиште – се коментарите на социјалните мрежи на Островот.

ПретходноВикендов ќе се игра “Велигденското коло“, сите мечеви во ПМФЛ и ВМФЛ во сабота!
СледноЧелзи потроши 700 милиони евра за 29 голови во ПЛ, а само Халанд постигна 30!