Лестер не успеа да ги ангажира ниту Џеси Марш ниту Рафаел Бенитез, па поранешниот англиски шампион најде друг стратег, поточно тренерско дуо кое ќе треба да го реформира тимот кој се бори за опстанок.
Се очекува во наредните часови Лестер да го назначи Дин Смит за нов тренер. Тој е поранешен стратег на Норвич, а негов помошник ќе биде Џон Тери, екс-играчот на Челзи и Крег Шекспир, дуото со кое работеше и во Астон Вила од 2018 до 2021 година.
Да потсетиме дека Тери моментално работи во академијата на Челзи.