Некој ќе каже негови се парите и може да прави што сака, но ако за шест часови минати во ресторан успееш да потрошиш дури половина милион евра, тогаш навистина имаш проблем.
Станува збор за Ерлинг Халанд, фудбалерот на Борусија Дортмунд кој е трансферна цел на сите европски гиганти.
Имено Норвежанецот, барем според медиумите во Германија, моментално е на одмор во Грција, и во еден ресторан каде што со друштвото бил не повеќе од шест часови, успеал да потроши неверојатни 500.000 евра. Најголем дел од парите отишле на честење на вработените на ресторанот со по 30.000 евра.
Германските медиуми велат дека со тие пари Халанд можел да купи точно 1.720.000 лименки пиво во некој маркет.