Одличен потег на раководството на МЗТ Скопје: Влезот за дуелот со Цибона ќе биде СЛОБОДЕН!

496

Нема што, супер-потег на челниците на МЗТ Скопје за дуелот со Цибона во рамките на последното коло во АБА лигата. Меч кој се игра во петок (14 април) и кој веројатно ќе решава за тоа дали нашиот шампион ќе избори опстанок.

Повеќе од јасно е дека неопходна е што поголема поддршка од трибините во салата “Јане Сандански“, па затоа влезот за сите кои што сакаат да го следат во живо овој натпревар, влезот ќе биде слободен:

Пред малку КК МЗТ Скопје излезе со соопштение:

Нашите момци в петок (14 април), против KK Cibona (18 часот) го играат последниот меч од регуларниот дел од сезоната во АБА, во кој победата е задолжителна за да останеме во игра за опстанок во јадранската елита. За такво нешто ќе ни биде потребна вашата помош од трибините. Ова е идеална можност да покажеме колку е голема симбиозата помеѓу Аеродром и KK MZT Skopje Aerodrom, но и колку останатиот дел од градот и од Македонија верува и ужива во настапите на сино-белите кошаркари.

Затоа, на Велики петок сите патишта нека водат кон „Јане Сандански“. Трибините нека бидат исполнети до крај и нека ечи песната на нашите навивачи. Заедно секогаш сме посилни, а сплотени секогаш победуваме! Ова нека биде спектакл во предвечерјето на големиот празник Велигден, голем хепенинг со заедничка радост на крајот.

ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН!

#плавобели #ЗаедноДоПобеда #ABALiga

ПретходноСкандал во Хрватска: Претепан фудбалер од противнички играчи, пред натпревар! (ФОТО)
СледноРакометарките не се предаваат, веруваат во чудо за мундијалска виза!