Левандовски за Меси: Не знам што ќе се случи, но сите знаеме каде му е местото!

258

Се поверојатно е враќањето на Лео Меси во Барселона. Аргентинецот иако игра фантастично во ПСЖ, не е среќен во Франција. Навивачите го исвиркуваат, го туркаат и за многумина најдобриот играч некогаш сака да се врати на својот Камп Ноу.

Таткото и агентот на аргентинската ѕвезда се сретнале со претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта и почнале преговорите за враќање на иконата на Барса во клубот, пишуваат медиумите. Меси е под договор со ПСЖ само до крајот на тековната сезона. Иако има можност за продолжување на соработката за уште една година, во моментов не изгледа веројатно дека ќе одлучи да остане во Париз.

Барселона мора да ја реши тешката финансиска ситуација за да може на Меси да му понуди задоволителни финансиски услови за враќање во клубот.

За можноста за враќање на Меси во Барселона проговори и напаѓачот на водечката екипа во Ла Лига, Роберт Левандовски.

„Меси и припаѓа на Барселона и ако се врати, тоа ќе биде нешто неверојатно. Знаеме дека тој припаѓа овде во Барселона. Не знам што ќе се случи, но се надевам дека ќе можеме да играме заедно следната сезона”, изјави Полјакот.

ПретходноПласманот на СП – останува само сон: Ракометарките надиграни од Украина и на реваншот!
СледноЃоковиќ полуде на мечот со 198. играч на светот (ВИДЕО)