Стоперот на Севиља, Жил Кунде, признал дека ќе го чека до крај Реал Мадрид, за можноста да се пресели во овој тим.
Кунде, кој е со француската селекција на ЕУРО 2020, на своите соиграчи Мбапе и Бензема им кажал дека има желба да го облече дресот на Реал Мадрид.
„Кралевите“, пак, би можеле да тргнат по Кунде, доколку Варан потпише за Манчестер Јунајтед, а можноста за такво нешто е реална. Па така веројатно Кунде ќе чека до крај понуда од „кралевите“.
И Челзи се интересира за францускиот стопер.