Генијалноста на Гвардиола: Од Стоунс направи центархалф, десно крило, бек…

1291

Пеп Гвардиола не престанува да изненадува со својата генијалност. Оваа сезона тоа го гледаме низ призмата на настапите на Џон Стоунс, кој од класичен стопер се претвори во фудбалер кој во дресот на Сити оваа сезона нема играно само уште како напаѓач!

На прашање на новинарите упатено до Стоунс, да се сети на кои се позиции мораше да игра оваа сезона, духовито одговори дека најдобро е да каже на која нема играно, а тоа е само во нападот.

Во зависност од околностите на средбите, Гвардиола сезонава го става Стоунс на три од четирите бековски позиции, еднаш го гледавме и како десна, еднаш и како лева „полутка“, а играше и како десно крило. Синоќа Стоунс имаше маестрално издание на новата улога во средниот ред како центархалф, па некои прокоментираа дека неговиот настап беше на нивото на оној на Родри кој е столб на средината на „граѓаните“.

ПретходноЈунајтед без Рашфорд во клучниот дел од сезоната
СледноДинамо и официјално се пофали со новиот договор на Ристовски