Анчелоти: Реал Мадрид за две години го постигна она што другите не можат во целата своја историја

494

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на официјалната прес конференција пред вечерашниот дуел од елиминационата фаза од Лигата на Шампионите против тимот на Челзи на домашен терен потсети што се тој и неговиот тим освоија минатата сезона и со каков пристап треба да се третира Реал Мадрид како тим сезонава. 

„За мене да го водам овој тим е едноставна работа. Добро ми оди на чело на Реал , работите одат добро. Доколку сезонава стигнеме до трофејот во Купот на Шпанија оваа екипа ќе освои се во што се натпреварувала. А има клубови кои не го постигнале тоа низ својата историја. За мене е чест да бидам на чело на Реал Мадрид . Ветувам дека ќе се обидам да го освојам секој можен трофеј. Сите во тимот се најдобри пријатели. Можам да видам како момците одлично се согласуваат. Знаат кога да се шегуваат, но и кога да бидат сериозни. Понекогаш сите се забавуваат, но кога треба да бидат сериозни, не треба да им кажувам“, продолжи Анчелоти.

Минатата сезона Реал Мадрид едвај го совлада Челзи и покрај тоа што на првата средба во Лондон победи со 3:1. Во реваншот Англичаните поведоа со 3:0, но по продолженијата Мадрид сепак успеа да мине понатаму. Сега ситуацијата во Челзи не е сјајна. Привремен менаџер на тимот е Френк Лампард, кому Анчелоти му беше менаџер во времето кога тој го водеше клубот од Лондон.

„Секако дека сум тажен што го гледам Челзи во оваа ситуација. Навивач сум на клубот затоа што имав одлични моменти таму. Но, дали би се вратил таму како менаџер? Не, се надевам дека Лампард ќе заврши одлична работа. Тој го нема моето искуство бидејќи јас имам 63 години, а тој 44 години. Но, промената таму нема да се случи од денес за утре. Френки е комплетен професионалец. Тој знае што може да се случи на овие големи натпревари и знае како да го подготви својот тим за тоа. А Челзи е полн со класни играчи“, смета Анчелоти.

Поранешниот тренер на Милан не ги прифаќа тврдењата дека минатата сезона Реал по среќа стигнал до врвот на ЛШ.

„Ни беше многу тешко и против Челзи и против Манчестер Сити, но во ниту еден момент не се откажавме. Остваривме пресврт бидејќи бевме посилни од противниците. Заслуживме да стигнеме до пехарот“ – рече Анчелоти.

ПретходноАлфонсо Дејвис: На Халанд не му можете ништо, дечкото „не се држи“….
СледноРистовски: Динамо е институција, а јас не се гледам на ниту едно друго место