Американскиот одбојкар Тајлер Трип е новото засилување на екипата на Струмица 47&72. Тој доаѓа од универзитетската лига на САД, каде што настапуваше за универзитетот МекКендри.
Се работи за млад, талентиран, и надежен спортист, кој што во во Струмица доаѓа по искуство, градење професионална кариера, и секако желба за напредок.
„Заедно продолжуваме кон нови победи, нови трофеи и нови европски предизвици. Добредојде во сино-белото семејство“ – напишаа струмичани.
View this post on Instagram










