Со оглед на фактот Барселона како клуб, ќе го спаси нормалното функционирање во моментов, само ако продаде некои од играчите и оствари фифнансиска добивка, пишувањето на денешен АС дека од Ноу Камп летово си заминуваат Ансу Фати и Феран Торес е сосема реален.
Настапите на Фати иТорес се далеку од блескави оваа сезона. Фати постигна 7 гола на 41 натпревар, а Феран Торес 6 гола на 37 настапи.
Иако клубот во оваа фаза ги демантира информациите, двајцата играчи се фаворити за заминување, особено ако се земе предвид дека спортската управа на Каталонците летово ќе вложи големи напори да го засили нападот на тимот.
Заминувањето на Фати ќе биде една од тешките одлуки за Барселона , особено поради младоста на играчот и неговата желба да продолжи со тимот. Сепак, барањата и јавните изјави на неговиот татко беа толку невкусни за клубот што агентот на младиот, Жорге Мендеш, доби дозвола да бара понуди од 40 милиони евра.
⚽ Ahora mismo son los dos delanteros con más opciones de abandonar el club este verano por la necesidad de ingresar dinero y liberar masa salarial. https://t.co/1TVQilHqK5
— Diario AS (@diarioas) April 13, 2023