И Олимпијакос го „шутна“ Родригез

194

Хамес Родригез, освојувач на „Златната копачка“ на СП 2014 повторно е без клуб откако се согласи да го раскине договорот со грчки Олимпијакос. Тој имаше одлична кариера токму до тоа СП 2014 година, а потоа кариерата почна да му се движи по надолна линија.

Тогаш играше за Порто, премина во Монако, од таму во Реал Мадрид. Од 2017 до 2019 играше за Баерн како позајмен. Во септември 2020 година потпиша двегодишен договор со Евертон, истиот месец наредната година раскина со Евертон и замина во Ал Рајан од Катар. Во септември 2022 година му се приклучи на Олимпијакос откако се согласија со Ал Рајан да го раскинат договорот. Сега и Олимпијакос му „раскина“, па Родригез е слободен да си бара нов клуб.

Каде ќе заврши останува да видиме, засега нема клуб заинтересиран за него.

ПретходноOфицијално: Руди Гарсија доби отказ од Ал Наср
СледноЛазаров: Пресуди искуството! Од ваков пораз може многу да се научи!