Oфицијално: Руди Гарсија доби отказ од Ал Наср

106

Францускиот тренер Руди Гарсија е разрешен од позицијата тренер на Ал Наср, пренесе клубот. Претходно имаше информации дека тренерот се спречкал со некои од фудбалерите во клубот поради што била нарушена атмосферата. Како дополнение, францускиот тренер не ги исполнил очекувањата на менаџментот во развој на проектот наречен Ал Наср.

На крајот од клубот му се заблагодарија на Руди Гарсија за осум месечната работа.

Инаку Ал Наср, клубот за кој игра Кристијано Роналдо, е на второто место на табелата со три бода помалку од лидерот Ал Итихад од кого неодамна загубија со 1:0.

Засега клубот нема именувано нов тренер.

ПретходноПелегрини промаши пенал, Вајфер казни – Феенорд ја победи Рома
СледноИ Олимпијакос го „шутна“ Родригез