ЛК: Фиорентина веќе го гледа полуфиналето, реми меѓу Базел и Ница

84

Екипата на Фиорентина забележа убедлива победа од 4:1 на гостувањето кај Лех во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на конференции.
Кабрал рано ги доведе „виолетовите“ во предност, уште во 4 минута, а изедначи Велде во 20. минута. На полувреме италијанската екипа отиде со предност со голот на Нико Гонзалез.
Во второто полувреме Бонавентура (негов прв европски гол по 2017 година) и Иконе ја обезбедија високата победа на Фиорентина.
Во Швајцарија реми со четири гола. Базел и Ница одиграа 2:2. Поведе Базел со голот на Амдуни, но до крајот на првото полувреме Мофи постигна два гола и донесе пресврт за Ница.
Швајцарците изедначија во 71 минута со вториот гол на мечот на Амдуни.
Андерлехт со 2:0 славеше над АЗ Алкмар, а Гент и Вест Хем одиграа 1:1.

ПретходноСевиља со два гола во финишот го замолкна „Олд Трафорд“, Јувентус славеше над Спортинг
СледноГОК Борец ја доби “мајсторката” во Тетово и закажа финале со Струмица Н.