Па има ли некој да ја сопре оваа Астон Вила предводена од Унаи Емери?
Очигледно е дека нема ако се знае дека и денеска тимот од Бирмингем просто го “размонтира“ еден Њукасл и успеа со 3:0 просто да го понижи, и играчки и резултатски.
Ова беше петта победа во низа или седма во осмиот последен меч, или освени 22 од можни 24 бода.
Нема што, фантастично.
Уште во 11.минута Ремзи донесе водство од 1:0. Во 61.минута Воткинс погоди но ВАР му го поништи славјето, но тоа не го спречи Воткинс во 64. и 83. минута да постигне два гола.
И потоа шмекерски потег на тренерот на Астон Вила, Унаи Емери. Го извади Воткинс во финишот за да двојниот стрелец ги собере аплаузите од домашните фанови.