Одлични вести од таборот на Барселона. Младиот и ултра перспективен Ансу Фати ќе биде подготвен за настап на стартот на новата сезона.
Тој се опоравува од повредата односно од операцијата на коленото, но лекарскиот тим кој работи со него во моментов, даде зелено светло тој да се врати на стартот од новата сезона.
Ова секако дека е добра вест за тренерот Роналд Куман кој мака мачи да создаде во моментов конкурентен тим за следната сезона.