Тимот на Баерн Минхен, предмалку на домашен терен не успеа да слави во дуелот против тимот на Хофенхајм и одигра само 1:1. Сепак, тоа нема да биде толку трагично по плановите на Баварците да ја освојат Бундес лигата, затоа што директниот конкурент Борусија ДОртмунд одигра 3:3 кај Штутгарт.
Иако на време погоди за водство преку Павард уште во 17. минута, Баерн овојпат не успеа истото тоа водство да го задржи. Андреј Крамариќ погоди од слободен удар во 71. минута за 1:1, а потоа домаќинот повторно преку Павард погоди, но голот беше поништен поради офсајд.
Од друга страна пак вистинска драма се случуваше на мечот во Штутгарт. Борусија имаше сигурно водство од 0:2 преку Халер и Мален уште во 33. минута, но во финишот серија од погодоци. Кулибали и Вагноман му донесоа на домаќинот изедначување во 84. минута, за да Борусијапреку Реина повторно дојде до водство од 2:3. Сепак, во седмата минута од продолжението Силас погоди за 3:3 и го постави конечниот резултат.
Келн и Маинц одиграа 1:1, Ред Бул Лајпциг го победи Аугзбург со 3:2.