Како што и се очекуваше, тимот на Воска успеа да го искористи вчерашното реми на Вардар и Гостивар и со триумфот над Тетекс денеска од 0:4 е осамен на лидерската позиција во ВМФЛ шампионатот.
Иљаз Чилафи и Аљбин Рамадани, Ален Јашароски и Ујкан Муча беа стрелци на головите за тимот на Воска.
Од друга страна тимот на Пелистер, исто така убедливо и без проблеми дојде до победа против Борец на домашен терен со 4:0. Спиркоски со три гола најдобар на теренот, а квартетот голови го заокружи Љамчевски.
Слога Виница со екстра победа против тимот на Беласица од 3:2, додека Арсими беше поуспешен од Каменица Саса со 2:1.
РЕЗУЛТАТИ 24.КОЛО
Пелистер – Борец 4:0
Детонит – Караорман 0:0
Охрид – Пехчево 1:1
Арсими – Саса 2:1
Кожув – Беса 2:0
Тетекс – Воска 0:4
Беласица – Слога (В) 2:3
ВЧЕРА:
Вардар – Гостивар 0:0
ТАБЕЛА: Воска 59, Вардар 56, Гостивар 55, Пелистер 50….