Тимот на Милан вчера во дуелот со Болоња одигра 1:1 во меч во кој прими гол на самиот старт. Тренерот Стефано Пиоли е свесен дека тоа не смеело да се случи коментирајќи и две пенал ситуации. Врз Анте Ребиќ и Лукуми.
„Навистина не требаше да почнеме вака. Да се прими гол толку рано е неприфатливо за екипа на наше ниво. После тоа ја презедовме иницијативата и одигравме добро, не дозволувајќи и на Болоња да игра на вообичаен начин. Но, исто така, не ги искористивме максимално шансите што ги создадовме. Исто така, имаше некои сомнителни ситуации во шеснаесетникот кои можеа да го решат натпреварот на крајот. Нашите играчи работеа навистина напорно, имаа интеракција и направија се што можеа за да победат, но за жал не успеаја, што секако е разочарувачки. Мислам дека требаше да се досуди пенал и во двете ситуации. По играњето со рака реагиравме сите, ние, публиката, сите. ВАР може да каже дека раката е повлечена, но всушност не беше така.
Од друга страна, ситуацијата со Ребиќ не беше толку очигледна, но ВАР и таму можеше да пресуди пенал. Динамиката покажува дека е пенал, ја кажувам истината. Штета е, момците дадоа се за победа, но ние продолжуваме понатаму. Очекувавме Болоња да биде многу поагресивна без топка и да не притисне, но овојпат не го сторија тоа и беа многу поназад. Создадовме многу шанси, но немавме прецизност во финишот. Да бидам искрен, единственото нешто што навистина не ми се допадна во играта беше голот примен уште „од соблекувалната“, бидејќи требаше подобро да се браниме на самиот почеток од натпреварот. Тешко е да се игра на секои три дена. Ги избрав играчите со најголема физичка и ментална енергија за да ги одморам најверојатните стартери против Наполи.
Тренерот мора да мери сè и да одлучува врз основа на потенцијалните придобивки и загуби во секоја ситуација. Имам многу верба во моите играчи, дури и во оние кои не играат секогаш. Како што кажав, единствено жалење денеска беа воведните 30 секунди“, прокоментира Пиоли по мечот.