Насекаде низ нашата држава денеска се слави големиот верски празник Велигден. Истиот секако во себе содржи многу традиционални моменти кои мора да се испочитуваат, пред се кршењето со јајца.
Па така, екипите на Речица и Јуниор од Доброшане, денешниот свој меѓусебен натпревар го започнаа со традиционално кршење со јајца на двата капитени.
Навистина симпатично и вредно за одбележување. Момци секоја чест, и нека спортот и религијата секогаш бидат тесно поврзани, затоа што делат многу заеднички елементи.