Данска го „размонтира“ Велс и влезе во четвртфиналето

219

ФОТО: Официјален Твитер профил на УЕФА ЕУРО 2020

Репрезентацијата на Данска во голем стил влезе во четвртфиналето на ЕУРО 2020. Во првиот осминафинален меч Данците го победија Велс со 4:0 и ја продолжија авантурата на континенталниот шампионат. Каспер Долберг во првото полувреме донесе водство, а истиот фудбалер на почетокот на вториот дел зголеми на 2:0.

Долберг е првиот дански фудбалер со два гола на еден меч на ЕП, по Никлас Бендтнер на ЕП 2012.

Во финишот на мечот Јохан Меле зголеми на 3:0, потоа Велшаните останаа со играч помалку поради црвениот картон на Хари Вилсон, за во четвртата минута од продолжението точка да стави Мартин Брајтвајт.

Данска во четвртфиналето ќе го чека подобриот од Холандија-Чешка.

После слабиот старт и поразите во првите две кола, Данците врзаа две убедливи победи. Се чини дека „динамитот“ фати ритам.

ПретходноСтруга и Шкупи ремизираа на тест мечот
СледноМедведев победник во Мајорка