Кога по само две одиграни кола во пролетниот дел од сезоната раководството на лидерот, одлучи да се раздели со тогашниот стратег Срѓан Захариевски и да го назначи Шпетим Дуро, во јавноста ова беше прифатено со скепса. Сепак искусниот стратег од Албанија само ги продолжи успесите на својот претходник. Само тој и Горан Здравков, тренерот на Брегалница, оваа полусезона сеуште не знаат за пораз.
Дуро со Струга ТЛ има седум меча, пет победи и две ремија, тука го сметаме и триумфот во 1/2 финалето во Купот на Македонија со Силекс и пласманот во големото финале.
Во саботата тимот на Дуро имаше минус од 0:1 со Победа дома, но немаше нервоза кај него. Свесен за квалитетите на својот тим тој им кажа на момците само да продолжат да играат како што играа до тогаш, а на крајот резултатот беше 6:2.
Токму затоа Шпетим Дуро е тренер на колото.