И дефинитивно е јасно дека Ромелу Лукаку нема да биде дел од нападот на Интер во следната сезона. Напаѓачот од Белгија кој направи камбек од Челзи на “Меаца“ како позајмен играч, и тоа како нема добра сезона. За него Интер оваа сезона ќе потроши цели 24 милиони евра, а тој постигна само 7 голови, тогаш јасно е дека секој негов гол клубот од Милано го плаќа по 3,4 милиони евра.
Нема дилеми дека Лукаку е прескап за Интер, за она што го дава, и токму затоа во јуни веќе нема да биде дел од клубот, ќе мора да се врати во Челзи каде што е под договор.