Нов шок за првакот, во ерата на Кари ова му се нема случено (ВИДЕО)

418

Кошаркарите на Сакраменто повторно го шокираа актуелниот првак во НБА-лига, го совладаа со 114-106 и сега водат со 2-0 во плеј-оф серија. Голден Стејт добро го почна мечот поведе со 17-23, но веќе во втората четвртина, домаќинот на крилата на своите фанови го направи клучниот период, постигна 41 поен, додека прими 29. До крајот не дозволи изненадување, го приврши мечот во своја корист.

За Вориорс во ерата на Кари ова прв плеј-оф во кој отвараат со два порази во низа. Сега ќе мора да добијат четири од преостанатите пет меча за да продолжат да ја бранат титулата.

Најзаслужни за победата беше Сабонис и Фокс, кои имаа по 24 поени, Монк запиша 18. На другата страна Кари имаше 28 поени, Вигинс запиша 22, додека Томпсон 21.

Филаделфија исто дојде до 2-0 во плеј-оф серијата против Бруклин, славеше со 96-84. Прв стрелец беше Макси со 33 поени, но одлична партија пружи Ембид, кој имаше дабл-дабл од 20 поени и ди 19 скока. Во редовите на противничкиот табор Џонсон имаше 28 поени.

ПретходноАнчелоти едвај чекаше да му одговори на Чави!
СледноСкандал во Италија: Тренерот на Атaланта го плукнал и удрил спортскиот директор на Фиорентина!