„Аѕурите“ во продолженијата ја елиминираа Австрија и „чекираа“ четвртфинале на ЕП (видео)

343

Репрезентацијата на Италија е вториот четвртфиналист на Европското првенство откако вечерва ја елиминираа Австрија со 2:1 дури во продолженијата. Во регуларните 90 минути мечот заврши без голови.

„Аѕурите“ се мачеа да ги „отворат“ Австријците, имаа иницијатива, преку Имобиле ја погодија стативата, но за малку ќе беа казнети во вториот дел. Во 66 минута Арнаутовиќ го совлада Донарума, но голот на Австријците го поништи ВАР затоа што е утврдено дека австрискиот напаѓач бил во офсајд.

ВАР ја спаси Италија на дуелот со Австрија (видео)

Во првото продолжение, поточно во 95 минута по една одлична акција и прекрасен потек на Федерико Киеза, Италија дојде во водство. Киеза е стрелец на голот 25 години откако неговиот татко Енрико Киеза ја затресе мрежата на Чесите на ЕУРО 1996 година.

Во 105. минута точка стави Матео Песина. Фудбалерот на Аталанта собра еден „отпадок“ и со левата нога го совлада австрискиот голман.

Трошка надеж за Австријците даде погодокот на Саша Калајџиќ во 114. минута, но немаше време за нив да стигнат до израмнување и до пеналите. Тоа е и првиот гол што го прими Италија по 1168 минути.

Италија е во четвртфиналето во кое ќе игра со подобриот од мечот Белгија-Португалија.

ПретходноИвановски освои бронза на Балканското првенство и постави државен рекорд на 5000 метри
СледноШок за Хрватите: Перишиќ е позитивен на Ковид-19