Сергеј Ребров ќе ја предводи Украина против Македонија во Скопје

276

Следниот противник на македонската фудбалска репрезентација во циклусот квалификации за ЕП 2024, селекцијата на Украина, во Скопје ќе допатува со нов селектор. Според пишувањата на тамошните медиуми, скоро извесно е дека на клупата на Украина ќе седне Сергеј Ребров.

Првиот човек на украинската федерација наводно веќе им потврдил на некои новинари дека со Ребров се е веќе договорено. Останува последната фаза, финансиските аспекти на договорите на шпанските помошници на Ребров. Најверојатно наскоро се ќе биде официјализирано.

Ребров ќе го подготвува тимот за два циклуса и за престојното ЕП 2024 и за квалификациите за СП 2026 година. Досега селекцијата на Украина ја водеше како в.д. селектор, Руслан Ротан.

Ребров додек абеше фудбалер имаше 75 настапи за Украина, а како тренер работи од 2009 година. Го предводеше Динамо (К), Ал Ахли (С. Арабија), Ал Аин (ОАЕ), а беше тренер и на ференцварош во Унгарија. Една година работеше и како асистент во украинската репрезентација (2011 година).

ПретходноЛШ: Милан и Реал пред завршен чекор до полуфинале
СледноПристигна во Трабзон: Екс-тренерот на Адеми ќе му биде нов тренeр на Барди