Пристигна во Трабзон: Екс-тренерот на Адеми ќе му биде нов тренeр на Барди

738

Трабзонспор, по се изгледа, конечно го финализираше договорот со новиот тренер. Тоа ќе биде Хрватот Ненад Бјелица, кој пред извесно време го предводеше Динамо Загреб.

Бјелица пристигнал во Турција и денеска ќе се сретне со претседателот на Трабзонспор Доган, но според турските медиуми веќе се договорени сите детали и се очекува само потпишување на договорот, по што хрватскиот тренр ќе има средба со фудбалерите.

Бјелица беше сериозен кандидат за нов тренер на Динамо Загреб, но тие се решија за Игор Бишчан, по што Хрватот ги интензивираше преговорите со челниците на Трабзон. Привремениот тренер Орхан Ак си замина по елиминацијата од Купот на Турција.

Бјелица е поранешен тренер на нашиот репрезентативец Аријан Адеми, а сега презема клуб каде ќе работи со уште еден македонски репрезентативец, Енис Барди.

ПретходноСергеј Ребров ќе ја предводи Украина против Македонија во Скопје
СледноМилер: Ако водиме со 2:0 до 80-тата минута, имаме шанси!