Манчестер Сити објави како ќе изгледа реновираниот „Етихад“

353

Манчестер Сити официјално објави дека клубот доставил апликација поточно план до Градското собрание за реконструкција на стадионот „Етихад“ која што ќе чини 300 милиони фунти

Клубот веќе доби големо одобрување од своите навивачи за планираните промени и сега го прават следниот чекор кон реализација на проектот. Планот е да се прошири Северната трибина, а со тоа да се зголеми капацитетот на стадионот на над 60.000 седишта. Ќе се изгради и скај бар со поглед на теренот, хотел со 400 легла, фан зона за 3.000 навивачи, нов фан шоп и музеј. Клубот на навивачите и туристите ќе им понуди уникатно искуство со прошетка на покривот на стадионот.

Од клубот тврдат дека ќе бидат потребни три години за да се заврши целиот проект, а за тоа време би можело да се отворат до 2.600 нови работни места.

„Етихад“ е отворен во 2002 година, а од 2003 година Манчестер Сити своите домашни натпревари ги игра токму во овој објект. Во 2005 година, неговиот капацитет беше зголемен за 6.000 седишта и моментално е петти по големина стадион во Премиер лигата.

ПретходноИнцидентот на тренингот на Интер…. Онана и Броз за малку во „клинч“ (ВИДЕО)
СледноЧупо Мотинг се врати на тренингот на Баерн (ВИДЕО)