Отворена истрага за наместени мечеви во Бразил

95

По се изгледа дека светскиот фудбал ќе го потресе нова афера за наместени натпревари. Оваа ќе пристигне од Бразил, каде што е оторена истрага за преку дваесет потенцијално наместени мечеви. Осомничени се доста клубови, тренери и играчи, а досега едно име е дефинитивно познато.
Се работи за искусниот 33. годишен Виктор Рамос кој во моментов игра за тимот на Чапекоенсе.

Тој според обвинувањата примал по 50.000 бразилски реали, што е во евро противредност 10.000, за да наводно неговиот тим прима голови, но и за да тој добива опомени во вид на жолти и црвени картони. Ова се случувало додека тој настапувал за Ботафого, односно за Португес.

Од Бразил се плашат дека доколу истрагата покаже дека сето ова се случувало во Серија А, најдобрата фудбалска конкуренција таму, може да се замисли што ќе излезе од истрагата за пониските Серија Б односно Серија Ц. Рамос многу веројатно дека завршил со професионалната кариера.

 

ПретходноЧупо Мотинг се врати на тренингот на Баерн (ВИДЕО)
СледноЕкс англиски фудбалер уништи супермаркет со џип (ВИДЕО)