Кошаркарската репрезентација на Русија нема да може да учествува на претквалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз следната година.
Тоа е одлука на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).
Ваквата одлука на ФИБА е очекувана, бидејќи руските клубови и репрезентацијата на земјата се суспендирани и од други меѓународни натпреварувања поради војната во Украина.
Од ФИБА истакнуваат дека наместо Русија, во европските претквалификации ќе учествува Бугарија.