Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го скрати списокот за претстојните натпревари против репрезентациите на Луксембург и Турција во квалификациите за пласман на Европското првенство 2023.
Во составот се враќа Филип Талески, кој поради приватни причини не настапи на претходните две средби против Португалија, а дресот за последен пат ќе го облече Гоце Георгиевски, кој најави пензија по дуелите со со Луксембург и Турција.