Раководството на Барселона од ден на ден работи само на една работа, а тоа е планирање на враќањето на Лионел Меси во овој клуб. Актуелниот договор на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната. Откриена е понудата која Барселона ја испрати до Меси.
Причините за враќањето на Аргентинецот се од спортски, сентиментален, но и финансиски карактер. Барселона му понудила на Меси договор на две години, бидејќи се сигурни дека тој сосема доволно ќе профитира од тоа.
„Мундо Депортиво“ пишува дека, доколку го доведат Меси, Барселона би имала 25 отсто поголеми примања, а можеби и повеќе.
Во годината кога Меси го напушти клубот, Барселона заработи меѓу 250 и 300 милиони евра само затоа што беше таму.
По заминувањето на Аргентинецот во ПСЖ голем број на спонзори го сторија истото, па шпанскиот тим претрпе голем удар поради тоа.