ПОЗНАТ НОВИОТ ШЕФ НА “ПИРАТИТЕ”: Варадиновски на клупата на ФК Скопjе

155

Екипата на ФК Скопје го објави новиот стручен штаб кој треба да се погрижи за подобри резултаи во ПМФЛ-лигата. Главен тренер на новиот прволигаш е младиот стратег од Штип, Иван Варадиновски, кој доаѓа на местото на Муарем Муарем, кој имаше слаби резултати на стартот на новта сезона. Новиот стратег пред извесно време беше на клупата на Новаци, а лани беше во Кожув, има и работено во Детонит. ФК Скопје информира дека негов помошник е Иван Настевски.

Од клубот истакнаа дека голема важност е што двајца поранешни фудбалери на овој клуб се дел од стручниот штаб.

„Посебна важност носи фактот што Иван Варадиновски и Иван Настевски во минатото како фудбалери го носеа дресот на ФК Скопје, а денес се враќаат во клубот во нова улога“, велат од ФК Скопје. 

ПретходноКуманово потпиша македонски репрезентативец!
СледноРоналдо ја напушти Португалија поради изјава на селекторот