Азар се враќа во Премиерлигата, ќе му биде соиграч на Чурлинов!

489

По четири минати сезони во Реал Мадрид, каде што не се прослави, се чини дека е време Еден Азар да си замине од Мадрид, од „Сантијаго Бернабеу“. Фудбалерот за кого Реал Мадрид плати 150 милиони евра, и е најскап во историјата на “кралевите“ најверојатно се враќа во ПЛ, на Островот, и тоа во тимот на Барнли, тим за кој настапува нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов и тим кој што веќе обезбеди пласман во Премиерлигата за наредната сезона.

Азар секако ќе биде најголемото засилување на Барнли, ова денеска го пишуваат медиумите во Англија и Шпанија.

ПретходноГермански таблоид објави лажно интервју со Шумахер!
СледноГостивар остана без тренер: Дерелиоглу си поднел неотповиклива оставка!