Сити ќе го награди Халанд со нов договор, ама ќе ја отстрани клаузулата за “ослободување“!

488

Манчестер Сити е задоволен, Ерлинг Халанд е задоволен, и кога е така тогаш нормално е соработката да продолжи. Иако супер – голгетерот ја игра првата сезона за “граѓаните“ тој просто ги воодушевува сите во фудбалскиот свет.

Токму затоа, на барање на неговиот стратег Пеп Гвардила, пребогатите газди на Сити, инаку шеици од ОАЕ, ќе го наградат Халанд со нов договор, многу побогат д постоечкиот а со кој тој ќе зема 570.000 евра неделно, со што ќе биде најплатениот фудбалер во Премиерлигата.

Исто така Сити ќе ја отстрани клаузулата за “ослободување“, која засега е на сила и во која стои дека од јуни 2024 година секој клуб може да го купи Халанд ако искешира 170 милиони евра, ова секако дека ќе биде голем удар за Реал Мадрид, кој имаше намера следното лето да тргне по Халанд како замена за Бензема.

ПретходноГостивар остана без тренер: Дерелиоглу си поднел неотповиклива оставка!
СледноОфицијално: Жиру уште една година во Милан! (ФОТО)