Завршија првите полувремиња на реванш четвртфиналните натпревари од ЛШ. На „Алијанц“ резултатот е 0:0. Баерн имаше неколку шанси, пред се Гнабри кој промаши гол, но резултатот можеше да го отворат гостите во финишот на првото полувреме.
Судијата досуди пенал откако Упамекано играше со рака во својот шеснаесетник.
Неколку минути претходно Упамекано доби црвен картон откако се обиде да го спречи Халанд да стигне до голот, но потоа по реакција на ВАР судијата го поништи.
Ерлинг Халанд ја презема одговорноста, меѓутоа неговиот шут заврши над пречката.
Во Милано, резултатот на мечот меѓу Интер и Бенфика е 1:1. „Нероаѕурите“ поведоа со ефектниот гол на Николо Барела, а изедначи Орснес во 38 минута.
Haaland skies it#BAYMCI #UCL pic.twitter.com/ZDkQ52NJt5
— 101 Great Goals (@101greatgoals) April 19, 2023
Barella is a beast tbh#InterBenfica pic.twitter.com/qTRZfeSbYo
— 101 Great Goals (@101greatgoals) April 19, 2023